Skip to main content

„Везилка“-Блаже Конески

Песната „Везилка“ од Блаже Конески е една од моите најомилени.Блаже Конески
е втемелувач на Македонската литература.Исто така Блаже Конески е важна личност во поетското творештво.Песната „Везилка“ изгледа вака:

Везилка

Везилке, кажи како да се роди
проста и строга македонска песна                                    

Image result for везилка блаже конескиImage result for везилка блаже конески 
од ова срце што со себе води
разговор ноќен во тревога бесна?
- Два конца парај од срцето, драги,
едниот црн е, а другиот црвен,
едниот буди морничави таги,
другиот копнеж и светол и стрвен.
Па со нив вези еднолична низа,
песна од копнеж и песна од мака,
ко јас што везам на ленена риза
ракав за бела невестинска рака.
Судбинско нешто се плело за века
од двете ниски, два созвучни збора,
едната буди темница што штрека,
другата буди вкрвавена зора.
2.
Везилке, крени наведена лика,
погледај в небо во претпладне златно:

се шари таму и чудесна блика
твојата везба на синото платно.
За тебе нема ни вечерен запад,
ти - морно око на трепетна срна.
Две бои таму ти горат и капат,
две шарки твои - црвена и црна.
Зар не се плашиш од јаркоста нивна,
и најмил спомен дека ќе ти згасат?
Зошто се губиш, ти строга, ти дивна,
дните ти минат, прокоби се гласат.
- И најмил спомен што в душа ми блеска
се гаси од нив ко цвеке без боја.
Но ти што ловиш звук на чудна песна,
ти си ја кажа судбината своја.

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Расказ-Убавината и скапоценоста на татковината

  Татковината е нешто најскапоцено што треба да се почитува и сака.Мислиме што може да ни даде татковината, а не сме се прашале што можеме ние да и дадеме нејзе.   Мојата татковина Македонија е земја со богата традиција и историја.Оваа наша татковина изобилува со многу убавини и природни богатсва, каде и да се свртиш нејзе и нејзините убавини ќе ги видиш.Татковината е нашата втора мајка.Таа не чува со својата силна прегратка.Мојата татковина ја красат убавите градби од минатото,прекрасните цркви и манастири,спомениците и убавите градови. Секој што ја посетил ова наша татковина сигурно посакал да се врати и никогаш да не си замине и да се гордее со нивните богатсва и убавини.Треба да ја сакаш и да ја почитуваш својата таковина бидејќи таа е нешто најскапоцено на светот.

Најпознати македонски автори

 Најпознати македонски автори се: -Крсте Петков Мисирков -Константин Миладинов      -Димитар Миладинов      -Блаже Конески Крсте Петков Мисирков е роден во ноември  1874  година во селото  Постол , Ениџевардарско во  Егејска Македонија . Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина  Пела . Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на  грчки јазик . Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во  Македонија , преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.   Константин Миладинов е роден во 1830 година.Константин е најмалото, седмото дете во...

Марко и цар Мурат-Народна песна

  Марко и цар Мурат е народна епска песна во која се зборува за  Крале Марко.Содржината на оваа песна е дека царот Мурат наредува Турците да не пијат вино,а Христијаните да не носат зелена облека.Марко Крале не ја слусал наредбата и настојува Турците да пијат црвено вино на Рамазан,а тој самиот си носи зелена облека.Песната Марко и цар Мурат е оваа: Личба личит цара Мурат-бега, Кој је Турчин вино да не пиет, А каурин зелено да не носит.                                                Сите ми го цара послушале, Не послуша Марко Кралевике; Тук ми носит зелeна долама, И со сила Турци натерало, Да пијет вино во рамазан. Ми дочула цара Мурат-бега, Што ми кладе три млади тељали. Личба личит низ града Стамбола: „Кој је јунак от јунака роден, Да го фатит Марка Кралевике, Ке му даам голема пештежа: Скопје града по крај тиок Вардар, И едрење широки калдарми.” Никој ми...