Skip to main content

Т'га за југ-Констандин Миладинов

Т'га за југ од Констандин Миладинов исто така е моја омилена песна.Во оваа песна се зборува како Константин Миладинов во Цариград очаен и несреќен тагува за родниот крај за татковината.Константин Миладинов добил инспирација да ја напише оваа песна кога Димитрија му пратил писмо.Последната негова желба е да умре крај езерото,во татковината.Но,за жал неговата последна желба не се остварила бидејќи умрал во темните зандани на Цариград.Песната Т'га за југ од Константин Миладинов е оваа:

 
Орелски крилја как да си метнех,
И в наши ст'рни да си прелетнех                                              
 
На наши места ја да си идам,
Да видам Стамбол, Кукуш да видам,
Да видам дали с’нце и тамо
Мрачно угревјат како и вамо.


Ако как овде с’нце ме стретит,
Ако пак мрачно с’нцето светит
На п’т далечни ја ќе се стегнам
И в други ст’рни ќе си побегнам,
К’де с’нцето светло угревјат,                                       
К’де небото ѕвезди посевјат.
       

 
Овде је мрачно и мрак м’ обвива
И темна м’гла земја покрива:
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици;
Околу м’гли и мразој земни,
А в гр’ди студој и мисли темни. 


Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Дајте ми крилја ја да си метнам,
И в наши ст’рни да си прелетнам:
На наши места ја да си идам,
Да видам Охрид, Струга да видам. 


Тамо зората греит душата
И с’нце светло зајдвит в гората:
Тамо дарбите природна сила
Со с’та роскош ги растурила:
Бистро езеро гледаш белеит
Или од ветар сино – темнеит;
Поле погледниш или планина,
Сегде божева је хубавина. 


Тамо по срце в кавал да свирам,
С’нце да зајдвит, ја да умирам.


Константин Миладинов

Comments

Post a Comment

Popular posts from this blog

Расказ-Убавината и скапоценоста на татковината

  Татковината е нешто најскапоцено што треба да се почитува и сака.Мислиме што може да ни даде татковината, а не сме се прашале што можеме ние да и дадеме нејзе.   Мојата татковина Македонија е земја со богата традиција и историја.Оваа наша татковина изобилува со многу убавини и природни богатсва, каде и да се свртиш нејзе и нејзините убавини ќе ги видиш.Татковината е нашата втора мајка.Таа не чува со својата силна прегратка.Мојата татковина ја красат убавите градби од минатото,прекрасните цркви и манастири,спомениците и убавите градови. Секој што ја посетил ова наша татковина сигурно посакал да се врати и никогаш да не си замине и да се гордее со нивните богатсва и убавини.Треба да ја сакаш и да ја почитуваш својата таковина бидејќи таа е нешто најскапоцено на светот.

Најпознати македонски автори

 Најпознати македонски автори се: -Крсте Петков Мисирков -Константин Миладинов      -Димитар Миладинов      -Блаже Конески Крсте Петков Мисирков е роден во ноември  1874  година во селото  Постол , Ениџевардарско во  Егејска Македонија . Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина  Пела . Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на  грчки јазик . Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во  Македонија , преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.   Константин Миладинов е роден во 1830 година.Константин е најмалото, седмото дете во...

Марко и цар Мурат-Народна песна

  Марко и цар Мурат е народна епска песна во која се зборува за  Крале Марко.Содржината на оваа песна е дека царот Мурат наредува Турците да не пијат вино,а Христијаните да не носат зелена облека.Марко Крале не ја слусал наредбата и настојува Турците да пијат црвено вино на Рамазан,а тој самиот си носи зелена облека.Песната Марко и цар Мурат е оваа: Личба личит цара Мурат-бега, Кој је Турчин вино да не пиет, А каурин зелено да не носит.                                                Сите ми го цара послушале, Не послуша Марко Кралевике; Тук ми носит зелeна долама, И со сила Турци натерало, Да пијет вино во рамазан. Ми дочула цара Мурат-бега, Што ми кладе три млади тељали. Личба личит низ града Стамбола: „Кој је јунак от јунака роден, Да го фатит Марка Кралевике, Ке му даам голема пештежа: Скопје града по крај тиок Вардар, И едрење широки калдарми.” Никој ми...