Најпознати македонски автори се:
-Крсте Петков Мисирков
-Константин Миладинов
-Димитар Миладинов
-Блаже Конески
Константин Миладинов е роден во 1830 година.Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја закрила. Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години). Сакајќи да се школува на словенски јазик оди во Москва каде студира Словенска филологија. Таму се разболел од туберкулоза и тргнал кон дома. Патем се среќава со Јосип Јурај Штросмаер и во Загреб го отпечатува „Зборникот“. Дознава дека брат му е затворен и наместо дома, заминува во Цариград за да му помогне, но и него го затвараат. Во јануари 1862 починува во затворот во Цариград, а два дена по него и брат му Димитрија.
Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ), поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
Comments
Post a Comment