Skip to main content

Марко и цар Мурат-Народна песна

Image result for марко и цар мурат Марко и цар Мурат е народна епска песна во која се зборува за  Крале Марко.Содржината на оваа песна е дека царот Мурат наредува Турците да не пијат вино,а Христијаните да не носат зелена облека.Марко Крале не ја слусал наредбата и настојува Турците да пијат црвено вино на Рамазан,а тој самиот си носи зелена облека.Песната Марко и цар Мурат е оваа:

Личба личит цара Мурат-бега,
Кој је Турчин вино да не пиет,
А каурин зелено да не носит.                                               
Сите ми го цара послушале,
Не послуша Марко Кралевике;
Тук ми носит зелeна долама,
И со сила Турци натерало,
Да пијет вино во рамазан.
Ми дочула цара Мурат-бега,
Што ми кладе три млади тељали.
Личба личит низ града Стамбола:
„Кој је јунак от јунака роден,
Да го фатит Марка Кралевике,
Ке му даам голема пештежа:
Скопје града по крај тиок Вардар,
И едрење широки калдарми.”
Никој ми се јунак не најмило,
Да го фатит Марка Кралевике,
Најмала се црна Арапина,
Да го фатит Марка Кралевике,
Али Марка живо да донесит,
Али Марка, али Маркоа глаа.
И си јавна на коња брзего,
И ми шетат низ града Стамбола,
Ми затерал Грци, Армении,
Да го барат Марко Кралевике.
Марко седит на ладна меана,
Јадит, пиет, баре гајле немат.
Ми дочуло голема потера,
И си стана на нога јуначка,
Си го најде црна Арапина!
Тога рече Марко Кралевике:
„А егиди црна Арапина.
Што је ова голема потера?
Аљ нешто сакаш, аљ некого бараш?”
И му рече црна Арапина;
„Јас го барам Марко Кралевиќе,
А.ли него живо да го фатам,
Аљ негоа глаа да му земам.
Тога велит Марко Кралевике:
„Бог те убил, црна Арапино!
С Марка зборвиш, Марка не познааш!”
Тргна сабја му пресече глаа,
И му зеде негоата коња,
Ми отиде у цара Мурат-бега,
И му рече Марко Кралевике;
„А егиди цара Мурат-бега!
Чија глаа ти ми ја бараше,
Аљ Маркоа, аљ от Арапина?”
Тога рече цара Мурат-бега:
„Ајти тебе Марко Кралевике!
Как си чинил, Марко пак да чиниш,
Никој тебе да не запират.”
И му даде голема пештежа:
Скопје града по крај тиок Вардар,
А Едрене широки сокаци.

Comments

  1. ахх тој марко крале солзи ми дојдоа

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Расказ-Убавината и скапоценоста на татковината

  Татковината е нешто најскапоцено што треба да се почитува и сака.Мислиме што може да ни даде татковината, а не сме се прашале што можеме ние да и дадеме нејзе.   Мојата татковина Македонија е земја со богата традиција и историја.Оваа наша татковина изобилува со многу убавини и природни богатсва, каде и да се свртиш нејзе и нејзините убавини ќе ги видиш.Татковината е нашата втора мајка.Таа не чува со својата силна прегратка.Мојата татковина ја красат убавите градби од минатото,прекрасните цркви и манастири,спомениците и убавите градови. Секој што ја посетил ова наша татковина сигурно посакал да се врати и никогаш да не си замине и да се гордее со нивните богатсва и убавини.Треба да ја сакаш и да ја почитуваш својата таковина бидејќи таа е нешто најскапоцено на светот.

Најпознати македонски автори

 Најпознати македонски автори се: -Крсте Петков Мисирков -Константин Миладинов      -Димитар Миладинов      -Блаже Конески Крсте Петков Мисирков е роден во ноември  1874  година во селото  Постол , Ениџевардарско во  Егејска Македонија . Селото се наоѓа недалеку од античката македонска престолнина  Пела . Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на  грчки јазик . Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование. По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во  Македонија , преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија.   Константин Миладинов е роден во 1830 година.Константин е најмалото, седмото дете во...