Татковината е нешто најскапоцено што треба да се почитува и сака.Мислиме што може да ни даде татковината, а не сме се прашале што можеме ние да и дадеме нејзе.
Мојата татковина Македонија е земја со богата традиција и историја.Оваа наша татковина изобилува со многу убавини и природни богатсва, каде и да се свртиш нејзе и нејзините убавини ќе ги видиш.Татковината е нашата втора мајка.Таа не чува со својата силна прегратка.Мојата татковина ја красат убавите градби од минатото,прекрасните цркви и манастири,спомениците и убавите градови.
Секој што ја посетил ова наша татковина сигурно посакал да се врати и никогаш да не си замине и да се гордее со нивните богатсва и убавини.Треба да ја сакаш и да ја почитуваш својата таковина бидејќи таа е нешто најскапоцено на светот.
Comments
Post a Comment